| четврток, 6 декември 2018 |

Вака ќе изгледаат двете нови цркви во Скопје

По повеќе од две децении изминатиот месец во Скопје беше поставен камен темелник на две нови цркви: едната ќе биде лоцирана во населбата Карпош, веднаш до трговскиот центар Skopje City Mall, а втората во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров.

crkvaskopje1

 

Веднаш до ТЦ Сити мол поставен е камен темелникот на верскиот храм „Христос спасителот“.Осветувањето го изврши поглаварот на МПЦ г.г. Стефан кој истакна дека ако луѓето се блиску до бога нема да прават дела спротивни на законите. Ктитор на црквата е Зоран Антиќ,  сопственик на Фешн груп, а донатори се и македонски иселеници од Австралија.

На 5 декември оваа година се изврши осветување и поставување на камен темелник за изградба на храм Свето Преображение во населбата Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.

 

Чинот на осветување го изврши Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top