Во рамките на регистрацијата на мигрантите која се одвива веќе неколку месеци, се вклучила и Полициската безбедносна служба на Норвешка (PSI). Тоа е резултат на бројните приговори кои ги добиле норвешките власти поради сомнеж за намерите на лицата кои што бараат азил.
Со цел мигрантите што поквалитетно да бидат регистрирани, службениците од PSI ги прегледувале содржините во нивните мобилни телефони, како и багажот кој го носеле со себе.
Како што пренесува “Nettavisen”, во мобилните телефини биле пронајдени бројни фотографии и снимки од јавни погубувања, брутално казнување и фотографии на кои се гледаат отсечени глави. Пронајдени биле и фотографии од убиени жени и деца. Исто така, пронајдени биле и фотографии од знамиња, симболи и други ознаки кои би можеле да бидат поврзани со Исламската држава, или пак некоја друга терористичка организација.
Шефот на едно од одделенијата PSI, Ерик Хаугланд за новинарите изјави дека постојат повеќе причини поради кои спорните фотографии се наоѓале во мобилните телефони на мигрантите кои што пристигнале во Норвешка.
„Можеби станува збор за сведоштво, односно на овој начин луѓето сакаат да покажат што се случувало во нивната земја, или можеби станува збор за тактика, лицето да има симболи кои го поврзуваат со организација која контролира одредена територија. И секако, можеби станува збор за луѓе кои го поддржуваат тероризмот и Исламската држава“, изјави Хаугланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.