Женската ракометна репрезентацијата на Норвешка е новиот светски шампион откако денеска во финалето славеше убедлива победа над најпријатното изненадување на ова СП во Данска, селекцијата на Холандија со 31-23.
Со оваа титула Норвежанките ги обединија трите титули од Олимписките игри, Европското првенство, а сега и Светското првенство.
Тоа што е Франција во машка конкуренција сега е и Норвешка во женска. Во големото финале, прашањето околу победникот во ниту еден момент не беше неизвесно. Норвешка уште на „големиот одмор” водеше со убедливи 20-9 и уште тогаш беше јасно кој ќе биде новиот светски владетел.
Норвешка славеше со 31-23, но Холандија нема многу причини за жалење. Го освои првиот медал на едно големо натпреварување и така се избори за пласман на Олимписките игри. Херен беше најефикасна во шампионскиот состав со седум постигнати гола, а Холанѓанката Полман беше најефикасна на паркетот со осум постигнати гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



