Во Јегуновце во октомври требаше да почне со работа нова градинка за деца. Иако е крај на годината, градинката уште не почнала да работи.
– Јавно ја прашуваме техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски зошто нема опрема за градинката. Зошто оневозможува работење и кому води инает. И ние жителите од Јегуновце како и луѓето од градовите имаме право нашите деца да бидат згрижени во градинка. Бројни семејства чекаат на ова за да може да ги извршуваат дневните обврски и нивните деца да бидат на сигурно – вели Сашо Ѓоргевски, жител на Јегуновце.
Жителите од оваа општина бараат итно градинката да се стави во функција, техничката министерка да не оглушува на нивните барања.
Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, штитејќи ги интересите на граѓаните, побарал веднаш Ременски да ги потпише документите кои произлегуваат од постапките за доделување на договор за јавна набавка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст