| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка Тереза – една од најпрепознатливите светски ликови од овие простори

Во последните неколку години се оддава значително внимание на ликот и делото на Мајка Тереза, која е родена во Скопје. Мајка Тереза е лик кој обединува и во Македонија се направија многу чекори за нејзина популаризација. Таа е една од најпрепознатливите светски ликовови која потекнува од овие простори.

Во Скопје се изгради спомен куќа на Мајка Тереза каде што секојдневно доаѓаат многу туристи. Во тек е изградба на склуптирална композиција на Мајка Тереза и сестрите во центарот на Скопје, која ќе биде следна атракција за туристите во Скопје и Македонија.

muzej na majka tereza 3

Автопатот од Скопје до Струга и границата со Албанија се именуваше по нејзиното име, вклучувајќи ја и обиколницата околу Скопје. Главниот клинички центар во државата се именуваше во „Комплекс клиники Мајка Тереза“ во чест на скопјанката која спаси многумина.

Во знак на почит кон нејзиното дело еден од главните булевари, поранешна „Водњанска“ се именуваше во „Мајка Тереза“.

Во режија на Теона Митевска се сними и документарен филм за најпознатата скопјанка и хуманстка родена на овие простори.

За нејзиното дело и се она што таа го стори се напишаа неколку книги и монографии. Се поставија повеќе од 40 табли на многу објекти, згради низ Скопје на кои се испишани нејзини мисли, на македонски и англиски јазик.

Плоштадот пред платото на МОБ се именуваше по нејзиното име, а нејзиниот споменик е вметнат и во спотот за Скопје кој оди неколку години се прикажува на „Си-ен-ен“.

Повеќе спортски објекти во Аеродром, Тетарце, Тетови и мостови се именувани по нејзиното име.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top