| четврток, 6 декември 2018 |

Од куќа и од стан во Скопје украдени злато и девизи

На улицата „Никола Вукмиров“ во Скопје, вчера непознат насилник ја отворил влезната врата од куќата на 37-годишниот Д.Б. и украл златен накит и 450 евра.

zlato_krazba

Полицијата јави дека тој побегнал со плен вреден 360.000 денари.

Втората кражба вчера била извршена на улицата „Социјалистичка зора“, кога непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил балконската врата од стан сопственост на К.Т.(65) и украл златен накит, 750 евра и 4.500 денари, по што побегнал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top