| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН ја поддржа македонската литература и го поттикнува читањето

Под мотото „Имаме приказна да раскажеме“, ЕВН Македонија во Битола во основото училиште „Коле Канински“ го реализираше завршниот настан од кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика.

DSCN0012

Битолчани донираа книги во малите бесплатни библиотеки кои националната библиотека „Св. Климент Охридски“ ги постави на две локации во градот и имаа можност да го проследат перформансот на цртање на графит на тема „Имаме приказна да раскажеме“ на уметникот Драган Милованов.

Кампањата за подигнување на читачката култура кај младата публика во земјава е партнерски проект на ЕВН Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Проектот во Битола се реализираше во периодот од јуни до декември 2015 година, кога беа организирани едукативни работилници за деца на возраст од 6 до 14 години од основните училишта „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“. Во рамки на проектот, ЕВН Македонија донираше современо опремена читалница во националната библиотека „Св. Климент Охридски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top