Актерката Рис Витерспун (39) и нејзиниот сопруг Џим Тут со кого е во брак четири години, му ставија крај на својот брак, а како главна причина се наведува – алкохолот.
Близок извор на двојката наведува дека Рис и сопругот спијат во одделни соби, но исто така, додава и дека актерката чувствува дека Џим „не е истиот човек за кого се омажила“.
Рис наводно веќе извесно време се обидува да го спаси својот брак бидејќи најтешко ќе и падне делењето на богатството.
– Помислата на делењето на нивното милионско богатство премногу ја плаши – навел изворот и додал дека на Рис ѝ е премногу „непријатно“ бидејќи овој би ѝ бил втор развод.
Рис прво беше во брак со актерот Рајан Филипс, со кого има две деца, Декон (12) и Ава (16) која неверојатно личи на својата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот



