| четврток, 6 декември 2018 |

Откако Заев призна дека бомбите не докажуваат ништо, соочен со очајно слабата подршка, сега сака да бега од избори

zaev

Смислување на причини за бегање од избори, е единственото нешто што му преостана на Заев. Откако самиот призна дека неговите бомби и нелегално стекнати материјали не докажуваат ништо, сосема е јасно дека тој без создавање на кризи и деструкција не е играч на политичката сцена.

„Секој пат сме во приватните разговори попуштени, послободни и зборуваме некои работи кои не ги мислиме и тоа е така”

Освен тоа самиот тој призна дека ги навредувал сопартиците обсјаснувајќи ја приватноста.

„Знам да ги навредам моите сопартијци, знам некој пат да донесам одлуки и ги сопштувам брзоплето по телефон, но тоа е приватноста“, рече Заев.

Вистинската причина за бегство е расположението на граѓаните каде тој нема никаква подршка од граѓаните. Бомбите не му донесоа раст на рејтингот, и понатаму СДСМ нема подршка поради деструктивната улога на раководството. Личниот рејтинг на Заев е неколкукупати понизок од Груевски, а СДСМ има два пати помала подршка од ВМРО-ДПМНЕ, тоа внесува страв и нервоза во раководството кое резултира со бегство од избори.

Затоа Заев пробива рокови, смислува нови услови, и предлози за медиумите, па не ги враќа материјалите, и таквата оигра топло ладно треба да резултира со неговата интенција да избега од избори и повторно да ги изигра граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top