| четврток, 6 декември 2018 |

САД го заострија визниот режим за туристи од 38 земји

viza sadf

САД го заострија визниот режим за туристите од 38 држави, од кои 30 се европски. Ваквата мерка е преземена по терористичките напади во Париз минатиот месец и е содржана во законот за буџет за следната година.

Туристите од овие 38 развиени земји нема да имаат право да влезат во САД без виза, доколку брзо патувале во Ирак, Сирија, Иран или Судан. Мерката е дел од одговорот на американската Влада на терористичката закана. Теоретското објаснување е дека извршителите на нападите во Париз, кои се главно француски и белгиски државјани, можеле без никаков проблем да се качат во авион за САД.

Постојаниот претставник на ЕУ во САД, Дејвид О’Саливен се закани со соодветни реципрочни мерки. Тој побара петте земји-членки на ЕУ, кои не се дел од американската програма за безвизен режим, да бидат вклучени во неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top