| четврток, 6 декември 2018 |

Европа во бескомпромисна борба против тероризмот

eu policeЛидерите на ЕУ се договорија денеска на самитот во Брисел дека ќе водат „бескомпромисна борба против тероризмот“ и повикаа на сеопфатни антитерористички мерки, согласни дека „од клучна важност“ е примената на систематска и координирана контрола на границите, за да се знае кој влегува, а кој излегува од ЕУ.

Претседателите на држави и влади на членките на Унијата исто така соопштија дека многу брзо ќе ги разгледаат предлозите на ЕК против илегалната продажба на огнено оружје, особено полуавтоматско оружје.

Челниците на 28-те држави на Унијата исто така ветија брза акција за ограничување на можноста на насилни екстремисти да ги финансираат своите делувања, вклучувајќи мерки за замрзнување на нивниот имот и други рестриктивни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top