| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Реформите се важни за граѓаните, а членството во ЕУ е стратешко

poposki han konferencijaМакедонија успеа да спроведе многу реформи во рамки на интегративниот процес. Редовно ја покажува политичката зрелост и одлучноста за придружување на европското семејство- истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на министерската конференција „ЕУ интеграција на Западен Балкан – Мисијата да се заврши”, што се одржа во Стокхолм. Главна тема на конференцијата,соопшти Министерството за надворешни работи, беше ЕУ интеграцијата и перспективите на државите од Западен Балкан за членството во унијата.

Реформите што ги спроведува Република Македонија, посочил Поповски, се важни пред се за државата и за граѓаните, а членството во Унијата е важно како од економски причини така и од стратегиски.

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром, според соопштението, ја потврдила заложбата на нејзината држава за процесот на проширување на ЕУ и истакнала оти Шведска силно ќе настојува тој процес да се затвори што поскоро, за сите држави кои ги исполнуваат ЕУ критериумите. Еврокомесарот Јоханес Хан, пак, потврдил дека во процесот на проширување на Унијата не е важна брзината на процесот, туку квалитетот.

На билатерална средба на Попоски и Валстром биле потенцирани добрите билатерални односи помеѓу двете држави и реафирмирана улогата на Шведска во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. При посетата на Шведска Попоски се сретнал и со членови на Комисијата за надворешна политика на Парламентот како и со генералниот секретар на институтот ИДЕА, Ив Летерм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top