| четврток, 6 декември 2018 |

В недела сите во Зоолошка градина

Во новиот едукативен центар на Зоолошката градина во Скопје в недела од 13.30 до 15.30 ќе се одржи детска приредба „Нашата божикна приказна“. Околу 70 учесници ќе пеат, рецитираат и ќе се забавуваат.

Организатор е Германскиот јазичен центар со поддршка на Австриската амбасада и другите партнери. Германскиот јазичен центар како едукативен центар за германски јазик за сите јазични нивоа и возрасни групи, традиционално приредува божикна забава веќе неколку години.

– Оваа година во соработка со едукативниот центар на ЗОО Скопје ќе креираме заедничка божикна приказна – информира Германскиот јазичен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top