| четврток, 6 декември 2018 |

УНХЦР: Оваа година рекорден број бегалци и раселени лица во светот

Бројот на луѓе, кои оваа година биле принудени поради војна или насилство да ги напуштат своите татковини, ќе го надмине минатогодишниот рекорд од околу 60 милиони лица, соопштија денеска ОН.

– Со речиси милион луѓе кои оваа година го преминаа Медитеранот како бегалци и мигранти, и со конфликтите во Сирија и другите делови од светот кои продолжуваат да предизвикуваат нови загрижувачки човечки страдања, 2015 години веројатно ќе ги надмине сите претходни рекорди кога станува збор за присилно глобално раселување, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Минатата година бројот на раселени лица се зголеми на 59,5 милиони луѓе ширум светот, а во најновиот извештај се додава дека тој број оваа година ќе надмине 60 милиони. Тоа практично значи дека денес на секое 122 лице во светот, едно е принудено да го напушти својот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top