В сабота со почеток во 10 часот, во градскиот парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарен полумаратон за собирање фининсиски средства за Зоран Димов.
Тој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа во која доби тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на заздравување кое него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.
Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча еден или 21 километар. Со оглед на карактерот на настанот, очекуваме секој учесник да учествува и во пополнувањето на окрепната станица, односно секој да донесе по нешто (банани, урми, вода, кока кола…)
Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо.
Старт на трката- 10:00 (дискотека Градски Парк)
Стартнина – 200 денари
Напомена: Пријавувањето и уплатата ќе бидат на лице место, ве молиме да бидете на стартот најдоцна во 9,30 часот.
Секој учесник добива стартно бројче и благодарница во електронска форма.
На стартот ќе има и посебна кутија доколку некој сака да донира плус средства.
За сите оние кои не се во можност да дојдат, средства можат да се донираат и на следнава сметка:
Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст