| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск го призна второто чудо на Мајка Тереза

papa-francisk-prizna-vtoro-chudo-na-maijka-tereza-345585

– Папата Франциск го призна второто чудо, направено од покојната Мајка Тереза, со што таа се повеќе се доближува до нејзиното прогласување за светица, соопшти архиепископот на индискиот град Калкута, Томас Д’Зоуза.
Мајка Тереза, која со години работеше за сиромашните и страдалниците во индискиот град, се очекува да биде канонизирана на 4 септември, како дел од јубилејна година, наведува католичкиот весник „Авенир“ во Рим, цитиран од „Франс прес“.
Според архиепископот Томас Д’Зоуза, Ватикан го признал како чудо тоа дека Мајка Тереза оздравела бразилец од бројни тумори во мозокот. Првото чудо, поради кое таа беше прогласена за блажена е приказната дека излекувала индијка болна од рак.
Повеќе експерти во текот на три дена заседавале, пред да биде донесена одлуката за второто чудо. Тереза, која е родена во албанско семејство во Скопје, позната е по својата хуманитарна дејност во светот и тоа најмногу за сиромашните во гетоата на Калкута.
Таа почина во 1997 година на 87 годишна возраст, а добитник е на Нобеловата награда за мир во 1979 година. Мајка Тереза беше благословена од папата Јован Павле II во 2003 година. Благословувањето се смета за прв чекор кон прогласувањето за светец.
Во почетокот на декември папата Франциск, го означи почетокот на првата за овој век, Јубилејна Света година за универзално простување на гревовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top