Лионел Меси и Нејмар, двајцата најдобри играчи на Барселона, ќе бидат подготвени за финачниот меч на Светското клупско првенство.
Меси го пропушти полуфиналето со Гвангжу поради болки предизвикани од камен во бубрегот, додека Нејмар има повреда на препоните. Иако категорично се тврдеше дека двајцата ќе го пропуштат финалето, сепак шпанските медиуми утрово наведуваат дека се опоравени.
Аргентинецот по деталните лекарски прегледи добил дозвола да се врати на тренинзите, а Бразилецот и против кинескиот клуб беше во комбинација но Луис Енрике не сакаше да ризикува.
Финалето меѓу Барселона и Риверл Плата на програмата е во недела од 11:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.