Истрагата спроведена од Основното јавно обвинителство – Скопје покажа дека причината за пожарот во фабриката за пиротехника „ИЦЕ-МАК“ ДОО од Сопиште, кој се случи на 24 јули минатата година, а во кој животот го загубија три лица, е директна изложеност на пламен од запалка. Од таму информираат дека е поднесена кривична прикава против газдата на фирмата.
Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител сослуша 10-тина сведоци, меѓу кои клучен бил исказот на еден од работниците во фабриката, кој како очевидец сведочел дека слушнал звук од запалка непосредно пред пожарот. Запалката била употребена од еден од настраданите лица во пожарот. При увидот на лице место пред просторијата била пронајдена запалка и мобилен телефон, кои му припаѓале на еден од загинатите работници, од чија почетна работна позиција беше утврдено дека започнал пожарот.
„Меѓу другото, увидот извршен од надлежното обвинителство покажа дека работодавачот има изготвено Збирно работилничко упатство во кое се дадени лични мерки за заштита на работниците, како што е забрана за внесување цигари, запалки, алкохол, дрога, мобилни телефони, клучеви и други остри метални предмети во фабриката. Но, ваквите дадени забрани не се почитувале од страна на вработените. Дополнително, надлежниот јавен обвинител, врз основа на извршениот увид на Државниот инспекторат за труд и преземените истражни дејствија, оценил дека во фабриката постоеле низа пропусти во поглед на непридржување кон прописите за заштита при работа“, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст