| четврток, 6 декември 2018 |

Дали да се јаде сладолед во зима?

Сладолед од млеко или овошје, во корнет, на стапче или во фамилијарно пакување – претставува омилен десерт на сите генерации.
Го сакаат на сите континенти, дел е од историјата на сите култури и цивилизации (иако порано сладоледот значително се разликувал од денешниот), од Кина до Сицилија, Скандинавија па сѐ до Америка.

Иако научните истражувања го покажуваат спротивното, постојат предрасуди и се смета дека не е добро зимно време да се јаде саладолед, поради можно воспаление на грлото или крајниците.

Спротивно на ова, научниците препорачуваат консумирање на сладолед повеќе зимно време отколу летно, и тоа, поради температурните разлики помеѓу нашето тело и надворешната средина.

Сладоледот всушност, не претставува намирница која доведува до воспаление на грлото.
До оваа состојба, особено во зимскиот период, доаѓа поради вирусна или бактериска инфекција која се пренесува преку валкани раце, играчки кои децата ги ставаат во уста или од друго, веќе заразено лице кое кашла во наша близина.

Сите намирници кои се богати со јагленохидрати, доколку се консумираат во големи количини, можат да доведат до дебелина. Затоа, секогаш се препорачува умерена исхрана и кај децата и кај возрасните.

Сладоледот е убав десерт па неговото умерено користење не може да им наштети на децата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top