Порнофотографиите на Дара Бубамара вчера беа главна вест во регионалните медиуми, а пејачката во придружба на сопругот Милан, која кажал дека фотографиите му ги испраќала нему, поднела пријава во полиција. (повеќе детали околу фотографиите прочитајте тука) .
– Дара во полицијата кажал дека нејзиниот кум, со кој од неодамна е скарана, ја злоупотребил нејзината лична карта, со која го купил бројот, како и мобилниот телефон од кој потоа праќал порнофотографии и пораки. Таа навела дека со кумот била неразделна сè до неодамна кога се скарале, а токму поради нивните блиски односи тој имал пристап до нејзините лични документи. Тој спорните фотографии, како што кажала Дара, ги префрлил во друг телефон и ги праќал на различни броеви претставувајќи се како неа. Таа кажал дека со ова ѝ нанел голем срам и поради тоа решила да го пријави в полиција – изјавил близок пријател на Дара за медиумите.
И самата пејачката потврдила дека била во полиција.
-Ги изнесов сите факти и детали и поднесов пријава. Сурово е злоупотребено моето име и мојата лична карта, со која купувал картички и мобилни телефони. Се надевам дека полицијата брзо ќе реагира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.