| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите на В4 ќе и помогнат на Македонија во справување со миграциската криза

Може да настане ситуација да биде потребно да испратиме и друга воена помош во Македонија за справување со миграциската криза, освен полицајци и војници, изјави чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки на прес – конференцијата по средбата на министрите за одбрана на Вишеградската група (В4).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според Стропницки, на барање на Македонија, чешката помош ќе се состои од практични работи како што се теренски возила, кои ќе бидат испратени во Македонија во јануари идната година.

Тие ќе бидат обезбедени со мал воен контингент, чиј состав нема да остане во Македонија.

Унгарскиот министер за одбрана Иштван Симичко додаде дека дел од барањето од македонска стрaна било и „физички затворање на границите” со ограда, но не прецизираше дали некоја од земјите на В4 (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) ќе излезе во пресрет.

Според чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во Македонија ќе бодат испратени 25 полицајци, за што одлука треба да донесе чешката Влада.

Министерството предложило и парична помош од 800.000 евра за балканските земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top