| четврток, 6 декември 2018 |

Купи куќа за млади – нов мегапроект на Владата

pres kuki (Large)Најдоцна од 1 февруари 2016 година стартува нов проект – Купи куќа за млади. Овој проект ќе значи сериозно драматично напредување на условите за купување куќа – објави денеска премиерот Никола Груевски на прес-конференција.

На младите до 35 години, кои се или не се во брак, Владата преку два модела ќе им даде можност да добијат неповратни средства:

  • Субвенција на месечната рата на кредиторот, (главниnа и камата) за купување куќа во период од 11 години – 80 проценти во текот на првите 8 години и 50 проценти во текот на наредните три години.
  • Втората можност – исплаќање на субвенција во висина од 100 отсто од учеството, корисникот сам ќе си го исплаќа кредитот .

Владината помош ќе важи за купување новоизградени куќи што се градат од градежни компании, за куќи во кои допрва треба да се всели првиот сопственик, како и за надградба и за доградба, или за изградба на нова куќа.

 За првиот модел – Владата ќе отплаќа 80 проценти од секоја месечна рата во време траење од осум години, а по ова уште три години по 50 проценти од секоја месечна рата. Па така за месечна рата од 200 евра – Владата плаќа 160 евра, корисникот 40 евра. Потоа, во последните три години Владата  ќе плаќа 100 евра, 100 евра ќе плаќа и корисникот.

Субвенциите што ќе ги дава Владата важат за кредити до 50.000 евра. Корисниците можат да земат и повисок кредит, но субвенцијата опфаќа до 50.000 евра. Се работи за кредит за отплата до 20 години.

За кредит од 50.000 евра, корисниците на субвенции ќе добијат субвенција до 33.000 евра. За кредит од 40.000 – до 28.000 евра, 30.000 евра – 20.000 евра или две третини од износот.

Втор модел или  Модел наречен учество – Субвенцијата е 100 отсто од учеството за кредит за куќата, а најмногу до 12.500 евра. Парите веднаш се уплаќаат во име на корисникот на кредитот. Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на каматата.

Учеството е најмногу 25 проценти од кредитот или за 50.000 евра субвенцијата е 12.500 евра, за 40.000 – 10.000 евра, за 30.000 евра за 7.500 евра веднаш.

Сите средства кои Владата ги доделува се неповратни

Условите за аплицирање, главно, исто како во проектот „Купи куќа купи стан“, со дополнителен услов корисниците да бидат до 35 годишна возраст доколку се работи за поединец или во случај да се работи за брачни другари еден од нив да е до 35 години.

Месечните примања не треба да бидат повисоки од 900 евра за поединец или 1300 евра за двајцата. Услов е да немаат друг стан или куќа, да се кредито способни и да немаат друг кредит за куќа или стан. Проектот се однесува за куќи.

Наскоро со повеќе детали за мегапроектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top