| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна драма со длабоки човечки емоции „Разговори во четири очи“ – премиера во МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 23 октомври е закажана премиерата на „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ. Текстот е на Ингмар Бергмар, а адаптацијата на текстот е на Тамара Барачков. во претставата играат: Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.

Ова е копродукциски прокет меѓу „Скопје филмско студио“ и МНТ, поддржано од Министерството за култура. Продуцент е Томи Салковски.

Во претставата главниот лик во приказната Ана Бергман, чијшто лик го толкува Амернис Нокшиќи – Јовановска, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и страдање.

– Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот – вели Нокшиќи – Јовановска за својот лик.

Младата Нина Деан го толкува ликот на нараторот во претставата.

– Не ми беше лесно. Во претставата јас ја раскажувам приказната на Ана, мојата мајка. Откривам дневник за кој не знам дека постоел и така откривам што се случувало во нејзниот живот. Се појавуваат разни ликови за кои, исто така, не знам дека постоеле – вели Деан.

b659511e-8ee9-46bd-bc5d-a479aa4a7dae

Дарија Ризова

 

Таа неколку пати соработувала со режисерката Николиќ, но признава дека во оваа претстава има неколку сцени на кои таа постојано плаче.

Продукцијата „Скопје филмско студио“ првпат се јавува во улога на копродуцент во театарска претстава.

– Бергман нѐ натера да го прифатеиме проектот. Режисерката Николиќ дојде во текстот во нашата канцеларија и нѐ освои. Драго ми е што директорот на МНТ Дејан Пројковски го прифати предизвикикот – рече продуцентот Томи Салковски.

622f61ea-7f03-4e05-b733-b6941b8e7780

Нина Деан

 

Режисерката Николиќ рече дека ова е интимна претстава.

– Возбудливо е бидејќи е драматизација на роман на Бергман. „Разговори во четири очи“ е семејна драма во која има длабоки човечки емоции. На пријатен, суптилен, нежен начин актерите успеваат да допрат до гледачите. Задоволство беше да се работи со овие актери – рече Николиќ.

Костимограф на претставата е Ивана Каранфиловска – Угуровска, сценограф е Сања Аврамовска, видео и фотографија Петар Кочишки, а дизјанот на плакатот е на Ника Гавровска.

„Разговори во четири очи“ по премиерата на 23 декември, ќе има уште две изведби до крајот на годината, на 24 и на 25 декември.

МНТ за 28, 29 и за 30 декември ја најави премиерата на мјузиклот „Чикаго“ на режисерката Наташа Поплавска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top