Рафаел Бенитез не ја ужива поддршката на фудбалерите на Реал Мадрид, а тоа уште повеќе стана јасно откако не го поканиле на Божиќната вечера што самите си ја организирале во ресторанот „Фокс“ во Мадрид. Кристијано Роналдо имаше жестока реакција кон Бенитез, Герет Бејл одби да ги послуша неговите совети на дуелот со Вилјареал, а потоа „кралевите“ не поканиле ниту еден член на стручниот штаб за време на нивното дружење. Тоа јасно покажува дека Бенитез ја загубил довербата и дека најверојатно Зинедин Зидан многу брзо ќе го наследи неговото место на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид има уште два меча до крајот на 2016 година, а секој нареден „кик“ ќе значи и речиси сигурно заминување за Рафа Бенитез. „Кралскиот клуб“ претстојниот викенд ќе игра со Рајо Валјекано, а потоа следи дуелот со Реал Сосиедад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
Фудбалери се обидоа да линчуваат судија (Видео)
-
Фудбалерите на „Пелистер“ покосени: Сите имаат труење од храна
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера