Северна Кореја денеска ги предупреди САД дека ќе се соочат со „незамисливи последици“, поради нивната „непријателска политика“ кон Пјонгјанг.
Ваквата закана на севернокорејските власти уследи по најавата за нови американски финансински санкции кон Пјонгјанг.
– Новите санкции само ќе го зајакнат независниот дух и силните напори на работниците во индустријата за оружје, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.
– Ако САД продолжат на овој начин со својата анахрона политика против Северна Кореја, ќе се соочат со незамисливи последици, се наведува во соопштението, без да се појасни на какви „незамисливи последици“ се мисли.
Министерството натаму се залага за склучување мировен договор со САД, со што „ќе се стави крај на нивната непријателска политика која е причина за сите проблеми“.
Траен мир и стабилност нема да бидат можни на Корејскиот Полуостров се додека не престане непријателската политика на САД кон Демократската Народна Република Кореја и се додека не се ублажи нивниот непријателски однос, се додава во соопштението.
САД на 8 декември воведоа нови финансиски санкции против шест поединци и неколку компании „поврзани со ширење на оружје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД