| четврток, 6 декември 2018 |

Заев директно го крши договорот од Пржино, пробиени сите рокови за предавање на илегално стекнатите пруслушкувани материјали

Zaev bomba 3 3 (Custom)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, директно го крши договорот од Пржино. Тој не го испочитува тоа за што претходно дал збор. Иако законот предвива рок во кој тој требаше да ги достави материјалите, и рокот истече на крајот на минатиот месец, однсно, 30 ноември, Заев не го испочитува договорено и се уште не се охрабил да ги достави материјалите.

– Kако што им ветивме на граѓаните, сите материјали ќе ги доставиме до специјалното јавно обвинителство. Во врска со начинот на предавање на материјалите ќе постапиме според законот, како што ќе побара специјалната обвинителка. Јас им ветив на граѓаните на Македонија и тој збор ќе го одржам. Сите материјали што ги имам ќе ги доставам до специјалното јавно обвинителство – зборува Заев во интервјуто дадено за еден од опозициските портали на 23-ти ноември, една недела пред истекот на рокот.

Пак бара нешто посебно. Тој во неколку наврати потврди дека имаат материјали кои се доверливи, а треба да бидат предадени во специјалното јавно обвинителство, но тоа ќе го сторат кога државата ќе обезбеди соодветни простории за чување на материјалите.

Заев рече дека писмо за подготвеност на материјалите неколку дена пред истекување на рокот е доставено до Специјалното јавно обвинителство.

„Мора да бидат обезбедени соодветни услови, а колку што сме информирани во СЈО за да се чуваат тие материјали оти се навистина во најголем процент од доверлива природа. Ние законскиот основ го исполнивме. Кога ќе обезбеди државата соодветни услови за чување на тие материјали, како што е обврска по Законот, најверојатно ќе биде побарано од нас да ги доставиме материјалите. Ние сме подготвени во секој момент, штом ќе биде побарано од нас, да ги доставиме материјалите”, рече Заев.

Со оглед на тоа што во законот не се предвидени казни, се поверојатно е дека Заев прави обид да избега од обврската и материјателите да останат кај него, за подоцна да ги злоупотребува. Заев во Договорот од Пржино во член 6, алинеја 3 се обврза по враќањето во Собранието да ги предаде материјалите на Јавното обвинителство за, како што се наведува итно постапување. Од враќањето на опозиционерите во Собранието поминаа три месеци, а Заев се уште не го исполнил договореното.

Фактот дека Зоран Заев до 30.11.2015 на полноќ не ги предаде прислушкуваните разговори до СЈО, и фактот дека обвинителката Катица Јанева речиси две недели не преземаше ништо да ги обезбеди материјалите, не отиде заедно со полицијата да му ги земе, ниту му поднесе кривична на Заев за затајување и неовластено поседување, остави сомнеш дека Катица Јанева и Зоран Заев соработуваат и си одработуваат еден за друг во кршење на сите закони во Република Македонија.

– Очигледно на Заев му се остава широк маневарски и политички простор во кој тој ќе ја злоупотребува својата политичка позиција и ќе прави уцени како што тоа деновиве го прави кон многу субјекти. Од друга страна, специјалната јавна обвинителка со оглед дека е основана заради истражување на овие материјали ќе мора не само медиумски да го повикува Заев да ги достави материјалите, туку и конкретно со официјален допис да го стори тоа. Во спротивно и таа како и Заев ќе влезат во спиралата на сторување повеќе казниви дела утврдени во Кривичниот законик, изјави професорката на Правниот факултет Тања Каракамишева, откако Заев не ги испочитува роковите кои беа договорени.

Дури пред неколку дена, Специјалното јавно обвинителство побарало од лидерот на СДСМ доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, кои ги поседуваат и за кои изразиле подготвеност дека ќе ги достават на нивно барање.

– Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“… За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Во моментот кога ќе имаме конкретни информации за овие предмети и кога тие и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност јавноста ќе биде известена, стоеше во соопштението.

Вредноста на дадениот збор на Заев е нула, барем судејќи по неговите постапки и обидот да се избегне предавањето на материјалите. Се работи за една, единствена обврска кои тие ја имаат од договорот во Пржино, а ниту таа не ја испочитуваа. Згора на се, политиката која ја водат е крајно деструктивна. Експертите се согласни дека и овој пат ќе се покаже дека пресметките на СДСМ се погрешни, односно дека избори се добиваат со конструктивна програма и проекти, а не со подметнувања, манипулации и лажни афери.

Со чувањето на материјалите Заев, коментираат експертите, ја држи послушноста во неговите редови. Со ваквиот чекот тој си остава простор за уцени и закани, а воедно си купува и мир. Тој веќе неколкупати индиректно испрати порака до своите сопартијци и до оние новинари кои важат за нивни поддржувачи. Уште кога подели материјали на дел од новинарите експертите коментираа дека на тој начин Заев ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали, кои би требало да бидат под постојана закана дека тие материјали би биле објавени доколку тие не се покоруваат и не ги следат слепо желбите на Заев.

Експертите коментираа дека оваа порака пред се е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.

Заев не е играч на политичката сцена. Тој нема ниту една сугестивна изјава, добар и конкретен предлог. Се што има се илегално стекнати материјали со кои се заканува и со кои направи застој во државата, успорување на економијата. Резултатите од анкетите покажаа дека граѓаните не веруваат во програмата на СДСМ, која реално, и ја нема. Заев и неговата СДСМ не се конкурентни на полето на конкретни проекти и конкретни програми. ОД СДСМ нема никакбо политичко делување освен негативна кампања насочена кон се она што не е под нивниот чадор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top