| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на светот доаѓа – пак

Еден од најпочитуваните физичари во светот, Стивен Хокинг, уште еднаш предупредува дека ни се заканува изумирање ако не пронајдеме начин како да преживеме во вселената.

Наместо празни теории на заговор, Хокинг тврди дека Земјата е премногу осетлива за да го носи товарот од штетата предизвикана од страна на луѓето.

– Треба да се оди во вселената и да се најде ново место – изјави тој за „Лос Анџелес тајмс“

Седумдесет и едногодишниот Хокинг го изјави ова за време на предавањето во Институтот „Сидар-Синај“, каде што ги проучува ефектите на терапијата со матични клетки кај пациенти кои страдаат од болеста на Лу Гериг, која и него го врза за инвалидска количка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top