Дали постојано и одново го одбираме истиот тип на катастрофален партнер?
Изгледа едноставно – двајца луѓе се привлекуваат еден со друг, а врската или оди напред и тие се разбираат, или пак не, па тие раскинуваат и си продолжуваат понатаму.
Од една страна постојат парови кои се во несреќен брак 30 години, а од друга страна сите познаваме пријатели кои раскинуваат со нивните партнери на секои два месеци, само за да продолжат на наредниот состанок, со нов но многу сличен кандидат на претходниот. Па зошто луѓето бираат љубовни партнери кои им ги кршат срцата?
Ѓаволот веќе го познавате. Луѓето настојуваат да бидат влечени кон тоа што веќе им е познато. Без разлика дали се работи за поранешно момче/девојка, мајка, татко или брат, без разлика колку „луди“ може да бидат, вие станувате експерт за справување со животот, со нив покрај вас.
Лудилото повеќе не ве плаши. Можеби вие ја играте главната улога во одржување на лудилото во вашето семејство. Вие сте преживеале и сте магистрирале во предизвикот, кој за вас освен што е познат дури е и удобен. Па кога ќе запознаете таква личност, вас ви е природно привлечна.
Дисфункционално дуо. Понекогаш причината поради која вие сте со некого, не лежи во рационални причини како што си мислите, туку затоа што личноста има потсвесна потреба од вас. Проблемот тука е во тоа што креирате лоша динамика. Ако се борите со депресија или досада, може да изберете драматична личност за партнер/ка која ќе ве натера да се почувствувате живи, но исто така животот може да ви го претвори во ролеркостер. Ако сте срамежлива личност склона кон изолирање, нарцисоиден шармер е тип на личност која би можела да ви помогне во социјалниот статус, но исто така може и да ви го отежни животот.
Ова беа неколку одговори на прашањето: зошто луѓето влегуваат во лоши врски, а следното прашање е: зошто луѓето остануваат во ваквите врски?
Зависност. Штом еднаш започнете врска со „ѓаволот“ кој е познат за вас, може да почувствувате зависност од неговата/нејзината драматичност. Динамиката на зависноста е комплексна. Додека цената која ја плаќате во вашата врска, за другите е очигледна, вие наоѓате значаен психолошки „удар“ од истата врска. На вашиот мозок ова може да влијае како супстанца која што создава зависност.
Ниска самопочит. Ниската самопочит е друг значаен фактор поради кој останувате во лоша врска. Многу луѓе преферираат да останат со некој кој не е добар за нив, отколку да останат сами. Справувањето со деликатна врска може да биде полесно отколку справувањето со анксиозноста и депресијата кои може да се јават поради осаменоста.
Злоупотреба. Насилните партнери имаат сопствен начин за да ви влезат во мозокот. Тие имаат сопствена верзија за реалноста и за сè ќе ве обвинуваат вас. Како последица, може да се најдете заглавени помеѓу верувањето дека сето тоа е ваша вина и воочувањето дека сепак не сте виновни. Континуираното понижување може да ви ја потроши целата енергија и да ве остави премногу истоштени за да направите било што друго.
Тогаш, како да продолжите понатаму? Прво, немојте да претпоставувате дека работите сами ќе се решат. Второ, престанете да се обидувате сами да ги решите работите. Окружете се со луѓе кои ве поддржуваат. Трето, доколку немате луѓе кои ви се од доверба, не се колебајте да побарате професионална помош за да ги решите овие проблеми. Која и да е причината за вашата лоша врска, во ред е да побарате помош за да создадете подобра иднина за вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судено им е да останат сами – овие три хороскопски знаци најчесто остануваат без партнер
-
Какви сте во љубовта? Најдолги врски имаат Рак и Риби, а најкуси…
-
Науката потврди: Жените им го скратуваат животот на мажите!
-
Не превртувај со очите и не го прекинувај додека зборува: Мали работи кои прават големи проблеми во врската