| четврток, 6 декември 2018 |

Гардијан со директен демант на опозициските медиуми:Интервјуто на Груевски е извртено

Опозициските медиуми како по обичај се обидоа да ја изманипулираат македонската јавност, но овој пат Гардијан им ја сруши манипулацијата во рекордно време.

Како и до сега, лагите и спиновите пласирани од страна на опозициските медиуми се со „кратки нозе“ и краток рок на траење, а Градијан ги демантираше текстовите пласирани на македонските опозициски медиуми кои се обидоа да ја извадат од контекст изјавата на премиерот  Груевски.

геровски2

-Разбрав дека во медиумските реакции во Македонија делумно се извртува тоа што премиерот го кажа во разговорот со Гардијан. Премиерот кажа дека Македонија мора да преговара со цел да се постигне компромис. Но, притоа повеќе пати повтори, и тоа е јасно наведено во текстот во Гардијан, дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните, на референдум. Рече дека, на крајот, граѓаните ќе одлучат. Тоа е јасно потенцирано во текстот и затоа сум помалку изненаден од реакциите на текстот, бидејќи беше апсолутно јасно дека премиерот не зборуваше за преземање чекор само на неговата иницијатива. Потенцираше дека се што ќе заклучат преговарачите ќе мора да биде потврдено на референдум. Изненаден сум што македонските медиуми го промашија овој момент во неговите ставови- изјави Патрик Кингсли, известувачот на весникот Гардијан кој денес објави текст за спорот за името.

грујо

Опозициските медиуми синхронизирано, во еден глас, текстот на Градијан го пренесоа во контекст дека македонската Влада ја менува позицијата по однос на прашањето со името.

геровски3

На прашањето дали во разговорот, премиерот Груевски ја променил македонската позиција во спорот за името, Кингсли вели дека од разговорот било јасно дека Македонија останува на својата позиција, секој евентуален компромис да се потврди на референдум.

-Ставот на премиерот беше крајно разбирлив. Јасно е дека ова е прашање кое влијае на македонските односи со Грција. Јасно е зошто двете страни сакаат да преговараат. Јасно е и дека, по 24 години, двете страни ќе мора да направат компромиси и апсолутно е правилно што премиерот кажа дека конечната одлука ќе биде во рацете на граѓаните, а не во неговите лични раце. Ова ми делуваше сосем разумно, и затоа бев изненаден кога слушнав за медиумската реакција која овој текст ја предизвика, вели Кингсли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top