| четврток, 6 декември 2018 |

Фоторепортерот на Вечер Наке Батев ја доби наградата Жан Моне

make

Фоторепортерот и уредник на фотографија во дневниот весник Вечер, Наке Батев ја доби наградата Жан Моне за најдобра репортерска фоографија, што ја доделува Канцеларијата на ЕУ во Македонија. Новинарката Марија Тасев е добитник на наградата „Жан Моне” за најдобар новинарски напис, а Кристина Нановиќ за најдобра аматерска фотографија. Наградиите кои по 13-ти пат ги доделува Европската Унија, на добитниците вчера им ги врачи амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав.

– Наградата „Жан Моне” ги охрабрува новинарите да пишуваат како да ја информираат јавноста во согласност со нивнат професија, истакна Орав и додаде дека намерата на ЕУ е вреднување на работата на новинарите и фоторепортерите.

Почесниот претседател на жирито за наградата, Предраг Луциќ нагласи дека не било лесно да се прогласи победникот бидејќи, како што рече, сите испратени текстови и фотографии ја заслужуваат наградата.
Фоторепортерот Батев вели дека наградата “Жан Моне” ќе биде поттик за посветена работа и во иднина.
– 2015-та беше голем предизвик за Македонија и за македонските фоторепортери. Соочувајќи се со бегалската криза, многу од фоторепоретерите излегоа од анонимност и освоија светски и европски награди. Јас како фотограф, понесен од целата ситуација, очигледно сум посветил доволно внимание да ја отсликам бегалската криза, вели добитникот на наградата за најдобра репортерска фотографија, уредникот на фотографија во дневниот весник Вечер, Наке Батев.

Во изборот за најдобри оваа година биле примени 54 апликации, од кои 14 за најдобра професионална фотографија, 12 за најдобар новинарски текст и 28 за најдобра аматерска фотографија. Наградата се состои од мали статуетки и паричен дел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top