Од 2010 година досега во Валандовско се вложени околу 5,5 милиони евра земјоделски субвенции и се искористени 35 милиони евра од ИПАРД Програмата, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, по посетата на оранжеријата „Баџо – ПТ“.
Општина Валандово, нагласи Костадиновски, успешно ги користи и средствата од Програмата за рурален развој, посебно за изградба на патишта и инфраструктура во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
– Тоа е главната определба на Владата. Преку креирање мерки и нивна примена да се поттикне локалниот економски развој и извозот. Квалитетот е евидентен и се бара зголемување на квотата на извозните договори, подвлече заменик-министерот, откако во разговорот со сопственикот на оранжеријата Томе Шапкаров беше информиран дека искористувањата на средствата за проширување на капацитетот продолжува.
Костадиновски истакна дека „Баџо – ПТ“ е уште една успешна приказна која зборува за ефикасноста и резултатите на владините политики.
– Во оранжеријата се воведуваат нови агротехнички мерки и висока технологија, се произведуваат култури барани на пазарот, но и за извоз. Странските купувачи бараат поголема количина што е доказ за квалитетот. Со проширување на капацитетот, пак, како што предвидуваат сопствениците, ќе се вработат повеќе лица и ќе се зголеми производството, дополни Костадиновски.
Тој се осврна и на законските измени кои од вчера овозможија сите сопственици да поднесат барања за откуп на земјиштето под оранжериите.
Шапкаров изрази особена благодарност за ваквата интервенција од страна на Владата која беше на барање на производителите.
– Задоволен сум од законските измени кои, по купувањето на земјиштето, индиректно ќе ни овозможат да го прошириме и осовремениме капацитетот што, пак, ќе отвори дополнителна можност за користење средства од владините програми кои ни се на располагање, рече Шапкаров, додавајќи дека за производството со кое се занимава веќе користи средства од Програмата за рурален развој и субвенции, а планира да конкурира и за ИПАРД.
Заменик-министерот по посетата на оранжеријата имаше средба и со земјоделците од Валандовско. Им порача дека тимовите на Платежната агенција, Инспекторатот и Министерството им стојат на располагање и затоа се постојано на терен, да ги слушнат нивните проблеми, но и предлози, идеи и сугестии за надминување, решавање и подобрување на состојбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст