Фискална судбината на Кипар е на врвот на агендата на министрите за финансии од еврозоната во Даблин. Постои растечка загриженост во врска со пакетот за спасување дека место првичните 17 милијарди, потребни се 23 милијарди евра. Сега се очекува интензивна дебата дали договорот беше успешно сработен.
Со пријавената зголемена сума на помошта за извлекување на Кипар, Европската комисија смета дека Никозија треба да продаде некои од своите резерви на злато и да придонесе со околу 400 милиони евра.
Реакцијата на Кипарската централна банка беше студен туш врз таа идеја бидејќи такво прашање воопшто не било поставено пред одборот на директори на банката.
Во меѓувреме Кипар најави дека ќе побара дополнителна помош од ЕУ. Претседателот Никос Анастасијадис посочи дека веќе зборувал за ова прашање со еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен, а дека писмено ќе ги информира и претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо и претседатечлот на ЕУ, Херман ван Ромпуј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


