| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда од Франција за Зидан и Реал Мадрид

00581061

Водечкиот француски весник „Л’Екип“, на насловната страница излегува со информации дека Зинедин Зидан речиси сигурно ќе биде назначен за тренер на Реал Мадрид.
Тоа го потврдува вчера напишаното од „Марка“, дека генијалниот техничар ќе го наследи Рафаел Бенитез, за кого се очекува наскоро да биде отпуштен. Во моментов Зизу го води вториот тим на Реал, но невозможно е да се каже „не“ на евентуалниот предлог.
Интересно е дека денес „Марка“ објави дека барем засега претседателот Флорентино Перез, одлучи да го остави Рафа и му дава нова шанса. Ова е спротивно со напишаното од изданието пред 24 часа.
Во исто време весникот „АС“, ја поддржува тезата за неодамнешната разделба со Бенитез, под чие раководство Реал не се убедливи.
Самите фудбалери на Реал се настроени против тренерот и нема индикации за помирување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top