| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална монета “путинка”, почит кон рускиот претседател

4jh6ldmdq6c

Монета посветена на рускиот претседател Владимир Путин, претстави познат ковач во Екатеринбург. Од едната нејзина страна е искована силуетата на рускиот лидер, а на другата, натпис „Се ќе биде во ред“ т.е. оригиналот на руски (Се буден путем), исто така асоцира на Путин.
92d50908800

Ковачот Александар Лисјаков ја нарекол монетата „путинка“, како што се вика и истоимената вотка. Според него, таа е создадена за да покаже дека заедно со Путин ние не се плашиме од пеколот.
Ковачот сакал да му ја претстави монетата на руски претседател за време на неговата посета на изложбата на оружје во Нижни Тагил, но не се осмелил.
Самиот Александар Лисјаков е познат по својот занает во целиот Екатеринбург, а неговата работа има специјална акредитација од УНЕСКО.
Во мај, на Денот на победата, бронзена биста на рускиот претседател Владимир Путин, прикажан како римски император, беше изложена во неговиот роден град Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top