| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов,денеска, на покана на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, ќе престојува во работна посета на Брисел.

ivanov_tusk-27878

Претседателот Иванов заедно со претседателот на Република Србија Томислав Николиќ, ќе имаат средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на која ќе се разговара за актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, како и за интеграцијата на Република Македонија и регионот во Европската унија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top