Доколку сте голем љубител на чашката, а по неколку чашки сакате и да се тракалате со некој по креветот обидувајќи се да имате секс, тогаш потрудете се тоа некако да успеете да го направите. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви ја олеснат работата.
Доколку сте голем љубител на чашката, а по неколку чашки сакате и да се тракалате со некој по креветот обидувајќи се да имате секс, тогаш потрудете се тоа некако да успеете да го направите. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви ја олеснат работата.
Подгответе се за најлошото
Мажите сигурно повеќе пати ги почувствувале последиците од прекумерното пијанство на своја кожа за време на критичниот момент. Но, и за проблемите со ерекција поради конзумирање на големи количини алкохол има лек. Всушност, доколку испиете една капсула на база на љута црвена пиперка пред да почнете со пиењето, ќе ги избегнете потенцијалните проблеми со ерекција.
Внимателно изберете ги позите
Веројатно не сакате да заспиете за време на сексот или да биде уште полошо, да се онесвестите. Затоа, позите во кои лежите нека не ви паѓаат на ум. За да се одржите будни и активни менувајте ги позите постојано и обидете се секогаш да сте исправени, па на тој начин ќе биде речиси невозможно да се онесвестите пијани. Нема ништо полошо од човек кој заспива за време на сексот.
Безбеден секс
Најважното нешто за пијаниот сексуален однос е употребата на кондоми. Се сеќавате на сцената од филмот “Knocked Up”, кога Сет Роган заборавава да употреби заштита, па девојката со која има секс се појавува на неговата врата по девет месеци со бебе во рака? Епа добро запомнете ја таа сцена и под никакви околности не ја забравајте заштитата, без оглед на тоа колку сте напалени и пијани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.