| четврток, 6 декември 2018 |

Среда носи облаци, но не и дожд

niski_oblaci_1

За утре се очекува наоблачување во поголем дел од земјава. Облачноста ќе почне да се зголемува уште во утринските часови со прогресија од север кон југ. Според Метеопро, сепак, и покрај наоблачувањето, врнежи нема да има.

Во вечерните часови облачноста постепено ќе се намалува.

Наутро ќе биде релативно студено. Низ котлините минималната температура ќе има вредности околу -4°С, малешевскиот регион околу -7°С.

Дневниот максимум на температурата ќе има вредност во границите од 5°С до 7°С во поголем дел од котлините, околу 3°С на повисоките места и околу 9°С во јужниот тек на Вардар.

Во делови од скопскиот регион наутро ќе има слаба магла, а претпладне се очекува постепено наоблачување. Минималната температура ќе се „спушти до -5°С,  додека максималната ќе има вредност до 7°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top