Фудбалската федерација на Македонија вечерва на свеченоста одржана во Македонскиот народен театар ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал во 2015 година. Фудбалерот на Палермо, Александар Трајковски го понесе признанието за најдобар „амбасадор’’ на македонскиот фудбал. Трајковски според ФФМ е најдобриот фудбалер на Македонија кој настапува во странство.
За најдобар фудбалер во домашното првенство е избран голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој во пролетниот дел од ланската полусезона како член Брегалница постави рекорд од 912 минути без примен гол. Токму овој успех му донесе трансфер во редовите на најтрофејниот македонски клуб и повик во сениорската репрезентација.
Игор Ангеловски втора година по ред ја освојува наградата за најдобар тренер во Македонија. Ангеловски со Работнички го освои Купот на Македонија, а втора сезона по ред беше и вицепрвак. Летово ги предводеше „Романтичарите” на чекор пласман во Лигата на Европа, а од неодамна и официјално е назначен за селектор на најдобрата македонска репрезентација.
Кире Маркоски, од ФК Работнички е прогласен за најдобар млад фудбалер. Изаир Емини со своите 20 постигнати голови во дресот на ФК Ренова го понесе признанието за најдобар стрелец.
Во женска конкуренција, Наташа Андонова повторно е прогласена за најдобра, пред се поради нејзиниот настап во клубот Турбине Потсдам, како и во новиот тим Розенгард. На легендарниот голман Благој Истатов му беше врачено признанието за животно дело. За најдобар арбитар (судија) признанието отиде во рацете на нашиот интернационалец Александар Ставрев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
Фудбалери се обидоа да линчуваат судија (Видео)
-
Фудбалерите на „Пелистер“ покосени: Сите имаат труење од храна
-
Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и направи одлична реклама на Македонија (видео)