Група форензичари врз основа на три черепи на мажи кои живееле на подрачјето на Израел во на почетокот на првиот век, изработиле лик кој би можел да наликува на Исус Христос.
Реконструираниот лик делува сосема поинаку од оние кои можеме да ги видиме на иконите и статуите што го претставуваат Исус, но форензичарите сметаат дека тој е приближно најсличен со неговиот вистински изглед, кој во голема мерка се разликува од некои западни претстави каде тој дури е прикажан како човек со изразито бела кожа и често дури и со руса или златна коса.
Форензичатите, предводени од Ричард Нив, поранешен професор на Универзитетот во Манчестер, изработиле „слика на Исус“ врз основа на анализа на трите черепи од Галилеја, при што користеле техника која обично се употребува во истраги за убиства.
Си помош на апарта за компјутерска томографија форензичарите направиле ренгенски снимки на черепите и врз основа на тоа ја процениле дебелината на кожата и положбата на мускулите на лицата.
Исто така, користеле и древни цртежи пронајдени на археолошките локалитети за да ја одреди бојата на „косата на Христос“ и нејзината должина.
Извор: Зазабава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.