Од туѓа уста е злобно, од моја уста е поезија – така барем, судејќи по однесувањето, размислуваат функционерите и членовите на СДСМ и нивните симпатизери. Кога се пуштаа разговорите, креирани за политичка намена, било каква навреда или било каква пцовка кажана во приватен разговор на членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ беше оквалификувано како монструозност на вмровците. Истиот коментар се дава и за било кој што не е под чадорот на СДСМ – се мери секој збор, се набедува, обвинува…
Но не е исто кога таквите зборови, па дури и полоши, излегуваат од устата на оние кои се под чадорот на СДСМ и СОРОС. Без разлика дали се работи за Мирјана Најчевска, за Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, за Мирослав Грчев, или за Петре Шилегов… Сите нивни пцовки, навреди, клевети, омаловажувања се „препишуваат“ на борба за слобода, демократија, слобода на изразување.
Навредливото пишување на социјалните мрежи стана секојдневна пракса на пратеничката од редовите на СДСМ, Софија Куновска.
„Лудаци, лопови, психопати, понављачи, бездушници, злосторници, манијаци, клептомани, скотови, ѕверови, гадови, гниди, штетници, сатрапи, багра, уличари, глупаци, богаљи, бездраници…“ – ова се само дел од навредите кои ги употребува Куновска.
Но за СДСМ речникот на Куновска веројатно влегува во онаа борба за слободно изразување. Доколку овој речник беше употребен од страна на некој од спротивната, владејачката партија, тогаш ќе се работеше за бездушник, монструм…
Ваквиот вокабулар преполн со вулгарни зборови и етикети насочени кон своите политички противници и кон својот народ е пракса во редовите на СДСМ. Денеска се „истакна“ и партискиот портпарол и пратеник Петре Шилегов, кој навредливо се обрати кон својата колешка од владејачката коалиција, Владанка Авировиќ. Навреден што Владанка Авировиќму влегувала во збор и се обрати со зборовите:
Зошто сте имале толку несреќно детство бе?! Што Ви правеле мала кога сте биле, бе? Нели Ве научиле?
Следниот коментар на Шилегов беше дека не навредувал…
По ова, реагираше пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.
-Свесни сме за нервозата на Шилегов како член на друга партија, поради последните анкети, но да се упатуваат вакви квалифивкации од типот какво детство имал некој е надвор од пристојно однесување. Ова денес беше кулминација. Оставаме на Шилегов да процени дали ќе се извини. Ние сме згрозени од однесувањето на претседателот на Комисијата – изјави Антонио Милошоски.
Но ниту први ниту последни од редовите на СДСМ и нивните пера.. На пример новинарот Бранко Ѓероски,главнто сдсмовско перо, пишува „психопатите да си го напикате во шупак да видите што лајна сте“ , „дпмнеовски кретеноиди да ми го бричат со зелено џамче“…
За Мирјана Најчевска како и самата тврди повеќе од „јасно и гласно“ македонскиот народ е составен од „глуперди и цепаници неделкани“…
За Стево Пендаровски пак десетици илјади македонски граѓани претставуваа „стока собрана во бачила’… Навредите имаат и морбидна конотација како во случајот на Бранко Тричковски на неговиот статус по настаните во Диво Насеље, за припадниците на македонската полиција, „полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика“…
Братот на Сашо Ордановски, Ванчо Ордановски поседува вакво мислење за македонскиот народ „нација на злобни, глупи, малициозни, неписмени, религиозни, курвини луѓе, им пожелувам долга и тешка сиромаштија, да копате по контејнери“…и.т.н.
Во неколку наврати експертите коментираат дека токму негативната кампања и негативниот и арогантен, крајно потценувачки однос на СДСМ е причината за нивниот неуспех на македонската политичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст