Аеродром е една од трите најтранспарентни општини во своето работење, според истражувањето на Фондацијата Фридрих Еберт и Млади Европски Федералисти- Куманово.
Станува збор за проект „Транспарентност на општините при објавување на информации од јавен карактер на општинските веб страници“, со кој се следеше транспарентноста на општините од изборната единица 1 при објавување информации од јавен карактер за три датуми, и тоа 12.07.2015 година, 30.09.2015 година и 18.11.2015 година.
Под транспарентност на општините при објавување податоци се подразбира редовно информирање на јавноста преку официјалната веб-страница на општината за девет точки, и тоа: статут, план за буџет, квартални извештаи за извршување на буџетот, план за јавни набавки, лице задолжено за слободен пристап до информации од јавен карактер, објаснување за користење на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, најави на седници на совет, записници од седници на совет и службени гласила.
Според истражувањето, Аеродром, Карпош и Центар се најтранспарентни општини во изборната единица 1, Кисела Вода спаѓа во транспарентни општини, Македонски Брод и Сопиште во делумно транспарентни, а Сарај, Студеничани и Чаир во нетранспарентни општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст