| четврток, 6 декември 2018 |

Божиќен концерт на Хрватскиот културен центар од Битола

Хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво „Mарко Марулиќ“, викендов во Битола организираа Божиќен и новогодишен концерт, со настап на мандолинскиот оркестар Tрипо Tомас и детскиот хор при музичкото училиште Вида Матјан од Котор.

Со повеќе композиции во кои се обработуваат божиќни теми, гостите ги воодушевија присутните. Оваа година празничниот период се прославува заедно со хрватското граѓанско здружение од Котор. Ова здружение е основано во 2001- та година со цел промоција и репрезентирање на хрватското малцинство во Црна Гора. Има околу 1500 членови и има свои подружници во Котор, Тиват, Подгорица, Бар и Херцег Нови. Во Хрватска има свое претставништво во Дубровник.

„Марко Марулиќ“ секоја година традиционално го одбележува Божиќ, со гостување на ансамбли и групи, од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години колку што постои и „Марко Марулиќ“, се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција. Изминатите години во текот на своето 20 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

Оваа година концертот беше во чест на истакнатиот долгогодишен член на здружението Димитар Богдановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top