Претстојната посета на министерот за надворешни работи Никола Попоски на Атина е многу важна, прва и историска откако Грција во 2004 година ги забрани и замрзна билатералните посети од двете страни, оцени денеска потпретседателот на Собранието и поранешен шеф на дипломатијата Антонио Милошоски.
Тој очекува посетата на Попоски да биде продуктивна и чекор напред во решавањето на прашањето за името, пренесува МИА.
-Грција, како совесна членка на ОН, ако сака да даде свој придонес во билатералниот спор, треба да ја почитува пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Сите други мерки би биле само за создавање впечаток и би имале фасадна улога, а нема да значат чекор напред кон деблокирањето на Македонија за НАТО и ЕУ, рече Милошоски во изјавата по седницата на Анкетната комисија за прислушувањето, одговорајќи на новинарски прашања .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.