Британската актерка Мишел Докери, најпознатата како Мери Кроли од хит-серијата „Доунтон аби“, во неделата го загуби човекот на нејзиниот живот. Нејзиниот свршеник Џон Дајнин (34), финансиски менаџер, почина од редок вид рак. Тој го загуби животот само два дена пред роденденот на Докери.
Мишел и Џон беа заедно од 2013 година, а ги запозна актерот Ален Лич, кој го игра шоферот во познатата серија.
Актерката и во серијата го губи својот сакан. За таа улога досега е трипати номинирана за „Еми“ и за „Златен глобус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.