Претераното внесување сол во организмот може да биде лошо за здравјето. Доколку не можете целосно да ја исфрлите од исхраната, барем дел од количината заменете ја со овие неколку зачини, кои се одлични додатоци во јадењата, пишува хрваскиот портал „Задовољна“.
1. Цимет
Еден од најстарите зачини, кој обично во кујната се користи единствено за слатки работи, има многу поголема примена. Тој може да биде одлична замена за солта бидејќи подобро ги регулира шеќерите во крвта и има способност да го намали холестеролот. Иако не можеме да го замислиме неговиот интензивен мирис во секојдневните оброци, циметот изненадувачки добро се снаоѓа во пикантните јадења. На пример, помешан со кари ќе го обогати секое пилешко јадење.
2. Кардамом
Кардамомот се смета за член на семејството на ѓумбирот. Неговиот вкус е деликатен и ароматичен и уште на првиот допир со непцата се чувствува солта што ја содржи. Затоа воопшто не изненадува што неговата присутност е сѐ почеста во некои јадења наместо солта. За поинтензивен вкус на кардамомот, потребно е неговите семки малку да се испржат.
3. Чили пиперчиња
Топлиот и пикантен вкус што го оставаат чили пиперчињата во устата е заслуга на нивните лековити својства, па токму затоа и тие треба да станат омилен зачин на храната што се јаде со лажица, каде и најдобро ги балансираат вкусовите.
4. Семки од сончоглед
Само 50 грама од семките на овој плод ги задоволуваат дневните потреби за витамините Е и Б1, а само 100 грама семки ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Солениот и помалку горчлив вкус на семките им го дава натриумот, па затоа мелените семки од сончоглед можат да се користат во исхраната наместо сол.
5. Лук
Лукот е одлична замена за солта, посебно лукот во прав. Многумина го користат со риби и со тестенини бидејќи го подобрува вкусот на овие производи. Неговите многубројни лековити својства се главната причина за неговата голема примена во кујната, а доколку ја исклучите солта во јадењето и додадете само малку лук, ќе го осетите и неговиот солен вкус.
6. Босилек
Зелените листови на босилекот изобилуваат со етерични масла кои, помеѓу низата компоненти, содржат и натриум. Токму затоа босилекот може да биде добра замена за солта. За да ги сочувате маслата од листовите, потребно е да ги додадете на самиот крај во подготовката на јадењето. Освен во готвените јадења, босилекот одлично функционира кога е помешан со зеленчук, тестенини и салати каде што неговиот солен вкус особено доаѓа до израз.
7. Сок од лимон
Салата без зрно сол, но со многу лимонов сок, целосно ќе го замени омилениот зачин. Освен тоа, лимонот е познат природен конзерванс и како таков е совршена замена за солта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


