| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени две исчезнати лица од Скопје

Вчера во полициската станица „Бит-пазар“ било пријавено дека се пронајдени две лица што претходно биле прогласени за исчезнати.

Во првиот случај Ј.Д.(81) пријавил дека лицето А.Д.(37),  кој бил пријавен за исчезнат на 10 декември, бил пронајден. Неговата сестра А.Д. се јавила и кажала дека на 12 декември ја поминал границата со Р.Косово.

И.С.(47) од Скопје, пак, пријавил дека истиот ден во 8.10 часот го пронашол својот тринаесетгодишен син, кој беше пријавен за исчезнат претходниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top