Саудиска Арабија најави создавање на исламска воена коалиција од 34 земји, кои ќе се борат заедно против тероризмот. Исламскиот воен сојуз ќе ги вклучува Јордан, Египет, Турција, Катар и Пакистан, а командниот штаб ќе се наоѓа во Ријад.
Во соопштението објавено на националната телевизија „Арабија“, се вели и дека коалицијата ќе вклучува моќни држави од Персискиот Залив, Египет и од Турција, но со исклучок на Иран.
– Коалицијата ќе се соочи со проблемот на исламскиот свет против тероризмот и ќе биде партнер на глобално ниво на борбата со ова зло – изјавил саудискиот министер за одбрана и заменик-престолонаследник, Мохамед бин Салман Ал Сауд, на прес-конференција во Ријад.
Ќе бидат направени договори за координација со пријателски мирољубиви народи и меѓународни организации во името на поддршка на меѓународните напори за борба против тероризмот.
Повеќе од десет други исламски држави изразиле поддршка за коалицијата, вклучувајќи ја Индонезија.
САД неодамна повикаа за пошироко меѓународно учество во борбата против групата Исламска држава во Ирак и Сирија.
Вашингтон предупреди дека Турција мора да стори повеќе за да ги контролира границите со Сирија и Саудиска Арабија и со земјите од Персискиот Залив.
Коалицијата ќе се бори со „секоја терористичка организација што се појави“, рече Салман одговарајќи на прашање дали исламската коалиција ќе се бори само со „Исламска држава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст