| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ разгледува јакнење на агенцијата за контрола на границите

Шефовите на дипломатии на државите од Европската унија ќе разгледаат денеска во Брисел предлог за постојани гранични сили кои би имале овластување да интервенираат во случај да проценат дека државите не успеваат ефикасно да ги заштитат надворешните граници.

policija-eu

Според предлогот, на Фронтекс би им биле на располагање 2.000 граничари кои би биле веднаш распоредени доколку за тимот постои потреба.

Комесарот за миграции Димитрис Аврамопулос изјави дека е неопходно да се изнајде решение на европско ниво бидејќи властите во одделни држави се затекнати од големиот број баратели на азил и други мигранти кои доаѓаат во ЕУ.

Фронтекс има ограничени овластувања и моментно не може сама да вработува персонал или распоредува ресурси.

Според предлогот, агенцијата би имала нови задачи и овластувања меѓу кои и анализа на ризик и може да го зголеми бројот на персоналот и набавува опрема. Според дипломат, Фронтекс веднаш би интервенирала во кризни ситуации на иницијатива на ЕК без посебно барање од држава членка туку со процедура што треба да биде објавена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top