Патувањето на изложбата „Хенри Мур – графичарот“ почна од Музејот на современата уметност во Скопје, Македонија, и привлече повеќе од 80.000 посетители во текот на патувањето низ седум држави во регионот.
Британскиот совет подготви изложба на дела од Хенри Мур во своето седиште во Лондон. Изложбата претставува избор на бакрописи и на литографии од збирката на Британскиот совет, кои патуваа под насловот „Хенри Мур – графичарот“ низ седум земји во Источна Европа и Централна Азија, во периодот од 2013 до 2015 година.
Патувањето на изложбата „Хенри Мур – графичарот“ почна од Музејот на современата уметност во Скопје, Македонија, и привлече повеќе од 80.000 посетители во текот на патувањето низ седум држави во регионот.
Завршната изложба во Лондон, насловена како „Хенри Мур се враќа дома“, е осмислена од Дејвид Мичинсон, помошник на Хенри Мур и поранешен раководител на збирките и изложбите во Фондацијата Хенри Мур. Со оваа изложба ѝ се дава можност на публиката во Велика Британија да ги погледне делата на Мур и да ги осознае приказните од регионот за влијанието на еден од најсаканите британски уметници, кое што сеуште опстојува и надвор од границите на Велика Британија.
Ова влијание на Хенри Мур врз уметничките сцени во Источна Европа и Централна Азија, вклучува лични приказни и уметнички врски со Мур, вклучително и приказната за македонскиот скулптор Петар Хаџи Бошков и неговите години во Лондон, како и личното познанство со Хенри Мур.
Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари 2016 година, по што ќе биде поставена на повеќе локации во Велика Британија во текот на 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст