| четврток, 6 декември 2018 |

Миле Хаџиски осуден на дваесет години затвор за бруталното убиство на Мери Јошевска

Миле Хаџиски е осуден на дваесет години затвор за бруталното убиство на Мери Јошевска.

mile hadziski

Оваа пресуда е идентична на таа од деведесеттите, кога бил правосилно осуден, но тогаш во отсуство.

„Правдата е бавна, но не е недостижна“ – со овие зборови судијката го објасни конкретниот случај.

Според судијката, доколку Хаџиски во Швајцарија не бил обвинет за грабеж и од швајцарски затвор не избегал во Франција со надеж дека Франција ќе го заштити, бидејќи е и француски државјанин, не би дошло до оваа пресуда, што според судијката е доказ дека тој не планирал да се соочи со правдата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top